Коѕијас: Го направивме решителниот чекор, Грција ќе даде зелено светло за ЕУ и НАТО


Денеска го направивме решителниот чекор, вели шефот на грчката дипломатија во интервју за грчката телевизија „Контра“, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери.

– Мислам дека денес го направивме решителниот чекор и утре ќе разговараат повторно двајцата премиери и ќе го завршат разговорот што го започнаа денес, рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто и објасни дека „преговорите не се права линија тргнавме и одиме на маратон“, туку дека преговорите се „напорен пат со подеми, падови и тешкотии“ и затоа Коѕијас вели дека е „потребно трпение и трезвеност“.

Во однос на европската и евроатланската перспектива на Македонија, Коѕијас рече дека со ратификуван договор во нашето Собранието, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.

– Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме „ок“ за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат, рече Никос Коѕијас. Во однос на членството во НАТО, објасни покана е она што може да се даде, како што е планирано, ако се биде во ред на Самитот на 11 и 12 јули, додавајќи дека за оваа покана потребни се ратификации од сите земји членки. говорејќи за името, рече дека тоа ќе биде соопштено по разговорот меѓу двајцата премиери, доколку утре се комплетираат деталите, но откри дека името е веќе одбрано. Додека пак, во однос на јазикот го повтори ставот дека македонскиот јазик е признат уште во 1977 од ОН.

– Одредницата и самоопределувањето постојат, македонскиот јазик постои од 1977 во ОН, вели Коѕијас на прашањето дали во договорот е вклучена одредницата македонски за јазикот и националноста.

Шефот на грчката дипломатија, рече дека македонскиот јазик „не е нешто што го дава или го зема Грција, затоа што тоа е нешто што е веќе дадено од ОН“, но и согласно со ИСО стандардите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1