Крадец нападнал кумановка и ја ограбил додека чекала да влезе во лифт.
Кражбата се случила во неделата околу 9.45 часоот. Седумдесет и тригодишната старица чекала лифт, кога крадецот трчајќи со едната рака ја фатил за устата, ја турнал на подот и и ја украл чантата.
Во неа имала 640 денари и лична карта. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.