Крај на агонијата за семејството Живковиќ од Ресеник, Србија. По цели три дена интензивно трагање од најблиските и полицијата 14 годишната Нина Живковиќ конечно е дома, здрава и жива.
Властите во Србија не соопштуваат каде е пронајдена со оглед на тоа што станува збор за малолетничка.
Таа исчезна во вторникот во Белград, а српските медиуми пишуваат дека причина за тоа се слабите оценки во училиште.
Според информациите, таа не можела да им каже на родителите за своите оценки и побегнала од дома.