Српскиот водител Огњен Амиџиќ по речиси три месеци од смртта на актерот и пријателот Маринко Мажгаљ собра сила да сними спотови за две необјавени песни на групата „Фламингоси“, која беше составена од нив двајца.
Во последниот кадар на спотот кој става точка на постоењето на оваа група, Огњен симболично во морето ја фрла гитарата на Мажгаљ, единствениот инструмент кој останал од починатиот актер.
Огњен во Грција ја екранизирал нумерата „За све сам крив“ и синглот „Боже“, чии стихови како да ја предвидуваат смртта на Маринко, а кои ги отпеал токму покојниот актер.
– Беше тешко да се наговори Огњен да тргне во реализација на овој проект бидејќи сè уште не ја преболе смртта на Маринко. Тој сам го осмисли сценариото на спотот и се потруди постпродукцијата на песните да биде совршена и токму таква каква што сакал Маринко. Цело време додека се снимал спотот, очите на Амиџиќ беа полни со солзи, додека кадарот во кој ја фрла гитарата на Маринко во морето, едвај ја сними. Кога успеа тоа да го направи, Огњен долго време седеше сам на плажата. Сите пари од двете песни ќе и ги предаде на Сара, ќерката на Маринко- изјавил извор кој се затекнал на лице место.
– Актерите Милица Мајкиќ и Славен Дошло се во главните улоги во спотот. Спотот раскажува неколку приказни и донесува различни емоции. Песната се вика „За све сам крив“ и тоа е последна песна на „Фламингоси“. Омаж на повеќето наши спотови и љубовта како најважна работа на свето. Втората песна е „Боже“ и ја пее Маринко. Тоа е боемска песна која ќе ве расплаче. Ова се воедно последните две песни кои Маринко ги сними, а ние ги завршивме и екранизираме – изјавил Огњен во болка во гласот.
За неколку дена ќе се навршат три месеци од смртта на Маринко Мажгаљ. Тој почина по едногодишната борба со канцерот на панкреасот, а зад себе ја остави ќерката Сара.
Мажгаљ беше во брак со српската актерка Дубравка Мијатовиќ со која се разведе пред неколку години.
Актерот почина на 38-годишна возраст.