Славната актерска двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зeта Џонс по 13 години заеднички живот се разведуваат, а според тврдењата на магазинот „Стар“ до разделбата дошло поради биполарното нарушување на Џонс.
Магазинот „Стар“ наведува дека Мајкл повеќе не можел да справи со биполарното нарушување на Кетрин. Се зборува дека Даглас се отселил од нивниот заеднички дом и веќе ангажирал адвокати за прекин на бракот.
Дали се точни информациите на „Стар“ станува да се види, бидејќи оваа вест за сите претставува големо изненадување, имајќи предвид дека двајцата актери беа одлична двојка и постојано беа заедно.
Медиумите и претходно шпекулираа за нивниот развод, нагласувајќи дека главна причина за нивните проблеми е токму болеста на Кетрин која се манифестира со постојани промени на расположението и тешка депресија.