Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги демантираше пишувањата на странските медиуми дека рускиот претседател, Владимир Путин има рак.
– Јазикот да си го прегризете. Се е во ред, изјавил Песков, како што пренесува ТАСС.
Американскиот „Њујорк пост“ на 24 октомври објави вест повикувајќи се на неименуван извор, дека Путин има рак на панкреасот и оти наводно го лекува лекар од поранешната Источна Германија кого Путин го запознал додека за служел во Дрезден во КГБ.