Криминалци со 3D принтери ограбуваат банкомати


Криминалот со кредитни картички не е ништо ново, но затоа сега постои нов и полесен начин за да се украдат податоците на картичката. Криминалците ги пратат најновите технологии, па затоа експериментираат со 3D принтање.

bankБанкоматите отсекогаш биле лесна мета за криминалците, кои ги гледале како начин набрзина да заработат пари. Во овој вид на измама се вмешани две технологии – „читачот“ кој го запишува бројот на секоја картичка и видео камера која ја набљудува тестатурата за да го забележи пинот. Потоа, овие две информации се комбинираат и криминалецот многу лесно може да пристапи до вашата кредитна или дебитна картичка.

Еден проблем за криминалците досега беше тоа што видео камерата и читачот мора перфектно да се вклопат во банкоматот. Доколку корисникот забележи нешто сомнително, тогаш мала е веројатноста дека ќе го користи банкоматот, а веројатно и ќе пријави во банката или во полиција.

Токму тука доаѓа во игра 3D принтањето. Властите во Сиднеј, Австралија, откриле банда на романски криминалци кои користеле CAD софтвер за дизајнирање и принтање на куќиштата за видео-камерите во банкоматите. Со тоа, тие можеле да дизајнираат компактно куќиште кое ќе биде со иста боја како и оригиналот. Овие криминалци правеле повеќе различни верзии кои би работеле во различните банкомати.

Можеби оваа банда е откриена, но со напредокот на технологијата, треба да бидеме се повнимателни со нашите податоци.

GSM.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1