Мускулестиот српски мафијаш Кристијан Голубовиќ за малку ќе загинеше во Хрватска.
При обид да лета во Задарскиот канал, поради набилданите натколеници се заплетка во тесните држачи на падобранот па неколку минути по полетувањето остана без циркулација во нозете.
Следеше итно спуштање на загрозениот Голубовиќ на глисер, а тој и покрај драматичната ситуација остана повреден.
Неговите пријатели целиот лет го снимија и го објавија на Јутјуб.