Кристијан Стефановски демантира: Не е точно дека ме привела полиција за местење на гласови


Во врска со шпекулациите за местењето на гласовите за вчера одржаниот „Скопски фестивал“ и информацијата дека полицијата синоќа на повеќе локации направила претрес при што одзела телефонски картички под сомнение дека е направена измама со нивно учество во гласањето на Скопски фестивал, денеска преку соопштение се огласи и менаџерот Кристијан Стефановски.

hitportal-kristijan-260x172

Тој испрати соопштение до јавноста откако НетПрес наведе дека К.С., сопственик на една продукциска куќа е еден од уапсените јавни личности од македонската естрада кои синоќа по завршувањето на Скопскиот фестивал биле приведени од страна на полицијата.

– Ниту јас, ниту мојот брат Игор Стефановски не сме приведени на разговор или задржани во полициска станица поради сомнеж за местење гласови за Скопскиот фестивал, вели преку соопштение Кристијан Стефановски, сопственикот на План Б продукција.

-Точно е, вчера беше направена рутинска контрола заради лобирањето и поддршката која што им ја пружам на пејачите што ги застапувам. По направената рутинска контрола, ниту јас, ниту мојот брат сме приведени на разговор или задржани во полициска станица. Со оваа изјава би сакал да им ставам крај на сите шпекулации кои што се врзуваат за името на План Б продукција, вели Стефановски преку соопштение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1