Четири екипи веќе се пратени во населбите Ченто и Стајковци, два чамца се пратени од противпожарната единица, ангажирани се припаднции на специјална полиција и навојската а координацијата се прави на лице место, на последна автобуска постојка од бројот „45“, каде е најкритичното место
„Тука е најкритично со оглед на тоа дека од Скопска Црна Гора преку Булачани дојде огромно количество вода и избиена е целата во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково. Пруситни се припаднции и на војската и на полицијата, противпожарната единица, а и приватните компании се вклучија со нивна механизација, правиме сé што можеме. Целта ни е да се пробие обиколницата, бидејќи таму има одрони, многу возила и донесена е механизација да се расчисти патот“, изјави за новинарите Трајановски кој ноќта ја посети скопската населба Ченто и додаде дека механизација е пратена и на Усјанскиот канал.
Единици на АРМ доцна ноќта во саботата беа упатени на местата кои се сметаат за најкритични во моментов. За таа цел се употребуваат армиски „хамери“ и камиони опремени со макари за извлекување на заглавени возила. Командантот на Полкот за специјални операции (ПСО) е на командно место, информираат од кабинетот на шефот на државата.
Шест тима на АРМ се ангажирани во Стајковци каде пружаат помош во санирање на последиците од поплавите кои во саботата попладнето го зафатија скопскиот регион. Според информациите, хеликоптер е во приправност да дејствува од 5,30 часот утрото во недела по видно време. Тим за извидување се наоѓа на правецот кон Шипковица за помош во наредниот период.
Скопскиот кризен штаб е во постојана координација со Владата и институциите на национално ниво, како и со АРМ.
Во меѓувреме вицепремиерот Никола Тодоров, кој претседава со Управувачкиот комитет за справување со кризи закажа вонреден состанок на комитетот кој е предвидено да се одрзи утре во 10:30 часот во просториите на Центарот за управување со кризи.