Кривичен пресече: Камчев нема да го добие пасошот


Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош откако Кривичен денеска реши да го одбие барањето.

-Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање.

За истото веќе се известени странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1