Кривична пријава против чешки државјанин за компјутерска измама


Чешки државјанин доби кривична пријава поради компјутерска измама, извршена во 2016 година, соопшти МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело „компјутерска измама”.

Во временски период од 5 март до 27 април 2016 пријавениот се претставувал како сопственик на фирмата „Памеса Керамика” со седиште во Шпанија, со кое Е.Ш. (54) од Гостивар, управител на фирма имал деловна соработка преку електронска пошта.

На адресата на Е.Ш. од електронска адреса индентична на фирмата „Памеса Керамика” пријавениот пратил порака во која побарал паричните средства од прва рата во износ од 3.600 евра да ги уплати на сметката на пријавениот.

Откако на 27.04.2016 година оштетениот ги уплатил паричните средства, после одреден временски период од фирмата „Памеса” добил известување дека не биле префрлени парични средства. Тој потоа дознал дека средствата биле префрлени на сметката на пријавениот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1