Кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева


3 лица од тимот на Катица Јанева и полицаец заработија кривични пријави поради малтретирање во службата и незаконско влијание врз сведоци. Информацијата за Сител официјално ја потврдија од скопското Обвинителствоkatica janeva 555

Првата пријава по службена должност против вработен во полицијата поради „незаконско влијание врз сведоци“ пристигнала во Обвинителството за органзизиран криминал и корупција. Вработениот во МВР имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски. Втората кривична пријава е поднесена против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева, заради „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. И таа веќе е пристигната во основното јавно обвинителство.

Според неофицијални информации членовите на тимот на Јанева спротивно на законот вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази

-Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане, е само еден од цитатите кои ги навеле лицата кои биле предмет на злоупотребите на специјално обвинителскиот тим.

Од Специјалното обвинтиелство вчера демантираа дека постапувале незаконски.

sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1