Екс директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски и сопственикот на компанијата Секјуриком, В. Г, заработија кривични пријави од Управата за финансиска полиција. Според нејзината истрага, тие во 2015-та ја злоупотребиле службената положба а се товарат и за соизвршителство. Од финансиска велат дека првоосомничениот склучил договор со сопственикот на компанијата без согласност од Советот за јавни набавки, а договорот се водел како недделива постапка иако со него биле опфатени повеќе дејности – одржување хигиена, обезбедување, противпожарна заштита, дактилографски услуги.
Од управата за финансиска полицијата велат дека подолг период го истражувале случајот, а поднесените кривични пријави се прв чекор во истрагата.
Кривичните пријави, заедно со доказниот материјал се предадени на основното јавно обвинителство за организиран криминал, велат од финансиска. По распит пред судија на претходна постапка, Кривичниот суд ќе треба да одлучи дали против осомничените ќе изрече мерки на претпазливост.