Кривична пријава за градоначалникот на Куманово


СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановскиот градоначланик Зоран Дамјановски, Л.Л.С. (52)-раководител на Секторот за урбанизам и В.Л. (62) -раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.cic gradonacalnik kumanovo

МБР соопшти дека Дамјановски во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово меѓу бул. „Трета македонска ударна бригада“, бул.„Октомвриска револиција“ и ул.„Бранко Богдански“ – Гуцман, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола. Второпријавената Л.Л.С со неизвршување на својата должност побарала одобрение за техничка документација во врска со сообраќајните знаци и сообраќајната сигнализација од МВР на РМ. Третопријавената В.Л. со неизвршување на својата службена должност не побарала вработување за општинскиот инспектор за јавни патишта, ниту пак работните задачи за наведеното работно место ги доделила на некој друг од нејзиниот сектор.

Поради тоа, од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 се здобиле со телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1