Кривична против Миленко поради „Фејсбук“ статус за премиерот Заев


Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Миленко Неделковски.

Поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 144 „Загрозување на сигурност“ и по член 394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материја по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија – ова е причината поради која ќе биде поднесена кривична пријава според соопштението на МВР.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1