Кривична за насилните полициски службеници


Кривична пријава за малтретирање во вршење на службена должност и суспензија од работа доби полицаецот кој брутлано тепа Ром во Битола, а кој беше објавен во снимка на социјалните мрежи, потврди МВР по истрагата на внатрешната контрола. Суспензија и дисциплинска постапка ќе добие и полицаецот кој бил сведок на настанот, но не реагирал на неоснованата употреба на сила од својот колега. Министерот за внатрешни работи го осуди настанот, за кој вели дека е изолиран случај и дека нема никаква дискриминација по етничка основа.

За премиерот Зоран Заев однесувањето на полицијата било срамно, но и тој смета дека се работи за изолиран случај.

Реакции стигнаа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои одговорноста за дискриминаторскиот однос кон Ромите ја лоцираат во власта.

„Сите честитки на ромски јазик од МВР Спасовски сега испаѓа дека биле само предизборна хипокризија, накитена со пакет прехрамбени производи, кон оние кои денес се реални жртви на полициското насилство“, напиша пратеникот Милошоски на Фејсбук.

Од граѓанската асоцијација „Аваја“ на протест ја повикаа ромската заедница и невладините организации, со цел да не се повторат слики како оние во Битола.

„Зоран Заев, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски ветивте дека правда ќе има. Вака ли изгледа правдата. Венко Филипче до каде е истрагата за смртта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува? До кога Ромите ќе бидат жртва на системот? Време е ромите да го кренат својот глас!“, напишаа од Аваја.

Од мрежата за заштита на дискриминацијата побараа законски измени за системско решавање на дискриминацијата.

„Апелираме МВР веднаш да отвори инклузивен процес на измени на Законот за полиција и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, како и да донесе подзаконски акти кои ќе го адресираат проблемот на расистичко постапување. Особено загрижува тоа што полициската бруталност врз Ромите е практика, а не исклучок“, реагираа од коалицијата „Маргини“.

Вчера доцна попладне на социјалните мрежи се објави видео на кое полицијата тепа граѓани Роми, а според изјавите на инволвираните лица настанот се случил во вторникот во сообраќајна несреќа.

Ова не е прв случај на малтретирање и дискриминација на Роми од страна на полицијата. Пред три месеци, безодомни граѓани Роми стационирани во близина на објектотот на ПИОМ кај Железничката станица во Скопје, меѓу кои жени и деца, се пожалија дека физички биле малтретирани од полициски службеници. Во мај пак, сличен инцидент се случи во Штип кога полицијата употребила сила на група Роми кои управувале моторно возила натоварено со дрва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1