Лицето Е.Х. е силувачот на 12-годишното девојче, штитеничка на домот „25 Мај“, поради кој Р.И. во ноември заврши онесвестена во велешката болница.. Полицијата поднесе кривична пријава против него. Од МВР велат дека дури сега е расчистен случајот и дека претходно се трагало по сторителот.
Од МВР додаваат дека силувачот го признал делото.
„СВР Велес по доставено барање до надлежното ОЈО за писмена наредба за вршење преглед врз детето, презеде мерки и активности при што беше идентификуван сторителот Е.Х., кој што во рамки на документирањето на случајот го призна делото и потврди дека имал полов однос со малолетничката, штитеничка на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми“, велат од Министерството.