Кривични пријави за 20 во „Шпион“ – шпиунирале за пари, имоти, патувања, луксузен живот


До Основното јавно обвинителство за организиран криминал поднесена е кривична пријава против 20 лица осомничени за злосторничко здружување, злоупотреба на службена должност, шпионажа, уцени и измама. Станува збор за лица поранешни и сегашни вработени во МВР, во Военото разузнавање, во Агенцијата за разузнавање, државни институции, вработени во приватни фирми и сопственици на медиуми. По три лица полицијата се уште трага и продолжува со натамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

spioniakcijaКако што информираше на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, МВР има информации за странските служби со кои соработувале, а најчесто тоа било со служба на една соседна држава. За возврат добивале не само парични средства, туку и имоти, патувања и се друго што им овозможува луксузен живот.

Јанкулоска нагласи дека не сака да коментира дали и колкава штета е направена со изнесувањето на класифицирани информации, но сепак рече дека ова е една од најтешките кривични дела против државата.

Распитот на дел од осомничените се уште не е завршен, а доказите и користената техника, вели министерката, се обезбедени на законски начин.

Во извршените претреси кај 17 лица во 30 објекти во Скопје меѓу другото пронајдени се и дадени на вештачење 1.095 парчиња муниција, 481 ЦД, 125 вежбовни куршуми, 81 компјутер, 57 мемориски уреди, 25 парчиња огнено оружје, детектор за прислушни средства и друго.

Вработениот во Државниот архив, осомничен како член на криминалната група, копирал досиеја за повеќе лица по што истите биле уценувани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1