Кривични за Богоевски и адвокатите – испрале над 1 милион евра, вмешан и Меркатор


Поради основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела како „„перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, поднесена е кривична пријава против шест лица од кои петмина се македонски државјани и еден државјанин на Република Словенија. Осомничените се јавуваат во својство на сопственици и управители на фирми, но и како физички лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело.

apsenje bogoevskiИмено, според досега документираните сознанија, пријавените искористувајќи го раскинувањето на Договорот за доделување на градежното земјиште на користење, склучен во 2000 година помеѓу Министерството за урбанизам и градежништво на РМ и фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, а со цел да прикријат незаконски стекнати парични средства во износ од 62.855.196,00 денари, изготвиле Договори со невистинита содржина помеѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на споменатиот Договор, кој претходно веќе бил раскинат) притоа сторувајќи ги напреднаведените кривични дела.

Првопријавениот Васко Томановиќ (39) од Скопје, како адвокат и полномошник на фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, три месеци пред раскинување на договорот формирал фирма во Скопје со идентично име „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје. Договорот за земјиштето со кипарската фирма од страна на Мистерството за транспорт и врски бил раскинат на 03.03.2009 година, заради неисполнување на обврските.

Веќе наредниот ден по раскинувањето на Договорот, односно на 04.03.2009 година, со фирмата „Инвестмент Интернационал“ ДОО Скопје, која е во сопственост на Меркатор Словенија, а управувана од пријавениот словенечки државјанин, адвокатот склучил Договор во име на кипарската фирма, а во понатамошната содржина на Договорот наместо „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, стоело „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје. Сомненијата се дека целта на ваквиот договор била парачните средства кои „Инвестмент Интернационал“ треба да ги префрли на „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија по основ на обештетување за наводно направени трошоци за користење на земјиштето, да бидат префрлени на скопската „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“, во сопственост на адвокатот.

slobodan bogoevskiИнаку словенечката фирма била заинтересирана за купување на предметното земјиште, а подоцна и го купила земјиштето од Република Македонија. На овој начин паричините средства согласно Договорот од 04.03.2009 година, никогаш не биле префрлени на сметката на кипарската фирма, туку на фирмата со идентично име од Скопје, сопственост на адвокатот, а управувана од петто-пријавениот А.Ј.(29) од Скопје.

Во ова му помогнал словенечкиот државјанин, управител на „Инвестмент Интернационал“, со тоа што иако знаел дека парите треба да бидат префрлени на Кипарската фирма, ги префрлил на фирмата од Скопје со иднетично име. Откако паричните средства биле префрлени на сметката на скопската фирма, со цел да се прикрие потеклото, пријавениот адвокат склучува Договори со невистинита содржина за наводно посредување за раскинување на предметниот Договор (кој претходно веќе бил раскинат) со фирмите Интерпарт Ком ДООЕЛ Скопје, сопственост на второпријавениот Владо Пешликовски (43), а управувана од четвртопријавената Д.Т.(30) и со физичкото лице, третопријавениот Слободан Богоевски (62).

Врз основа на вака склучените Договори, на лична сметка на физичкото лице во двата наврата во јули 2009 година од фимарата на првоосомничениот му се префрлени вкупно 28.670.000,00 денари, од кои пријавениот 17.500.000,00 денари ги подига во готово, а 2.860.000,00 денари повторно ги враќа на сметката на скопската фирма, додека 8.000.000,00 денари остануваат на неговата лична сметка.

Првопријавениот склучува ваков Договор и со фирмата „Интерпарт Ком“ ДООЕЛ Скопје на која и се префрлени парични средства во износ од 24.260.000,00 денари. Управителката на „Интерпарт Ком“ ДООЕЛ Скопје за да го реализира овој Договор склучува Договор со второпријавениот кој иако фигурира како сопственик, како адвокат требало да посредува во раскинувањето на предметниот Договор за што му префрлила износ од 17.940.900,00 денари.

Денеска, врз основа на Наредби од Истражен судија од слобода се лишени чети лица, а по две сеуште се трага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1