Сметките во пицериите во Франција се намалени за една година во просек за три отсто, а пицата изгубила еден сантиметар во дијаметар, покажало едно истражување кое било спрoведено во 113 пицерии
Поради зголемувањето на даноците, некои производители на цигари го намалиле бројот на цигари во пакувањата, а многу пицерии се одлучиле да ги намалат димензиите на пицата, пишува француски Фигаро.
Во истражувањето кое минатиот месец било извршено од маркетинг агенцијата ЦД, се наведува дека дијаметарот на пицата за една година од 32 се намалила на 31,3 сантиметри.
На прв поглед ова не е многу, но треба да се има предвид дека на овој начин пицата изгубила од својата површина дури 4,3 отсто, што е на штета на потрошувачите, нагласуваат од агенцијата.
Во исто време смалување на просечниот износ на сметките за три отсто од 13,4 на 12,9 евра. Но и покрај смалената пица таа останува омилен специјалитет кај Французите. Секој Французин јаде околу 20 пици годишно, што оваа земја ја става на второ место по САД. На трето место е Италија.