Кроација ерлајнс ќе избрка од работа 42 стујардеси – сите се разболеле на 1 мај


avion croatiaАдминистрацијата на хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс има намера да им даде откази на 42 члена на авионски персонал кои од 29 април до 2 мај масовно земаа боледувања, објави Јутарњи лист.

Во тој период на боледување биле 48 стујардеси и стујарди што предизвика откажување летови на авиокомпанијата.

Раководството процени дека во 42 случаја станувало збор за прикриен штрајк, потврдија за весникот од Кроација ерлајнс. Сега се очекува извештај од инспектори во здравствените установи што дале боледувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1