Крпите содржат најмногу бактерии дома


Валканите крпи се едни од најголемите виновници за ширењето на микроби дома, тврдат научниците.

Причините за ова се две: прво крпите задржуваат влага за долги периоди на време, што помага за опстанокот на бактерии; второ крпите се користат во областите од домот, каде што има најмногу бактерии.peskiri-vlaga-bud-1328585176-112565

Истражување на Универзитетот во Аризона, покажува дека колиформи бактерии има во 89% од крпите за чинии во кујната, а ешерихија коли има во 25,6%. Колиформи бактерии се содржат во столицата и може да предизвикаат труење со храна и дијареа.

Според научниците крпите се најмногу контаминирани со бактерии, бидејќи се користат за бришење на раце и површини кои може да дојдат во контакт со сирово месо, на пример.”Откако човек ги избрише рацете во крпата, може да шири бактерии, да ја загади храната или да ја допре устата и да се зарази. Со крпите за лице и бања може да се размножат бактерии и вируси меѓу членовите на семејството кои користат исти крпи “, вели Чарлс ГЕРБ, автор на студијата.

Проф. Ентони Хилтон од Универзитетот Астон предупредува дека перењето на крпите при ниска температура секогаш ги убиваат бактериите и советува тие да се перат при повисоки температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1