КРСТЕ ЈОВАНОВСКИ: Се колнам, никогаш нема да гласам во Собранието за смена на името


Пратеникот Крсте Јовановски се огласи на фесбук за нападите дека бил поткупен да гласа, и обелодени дали ке гласа во собранието.

Пријатели Земјаци Македонци
Се колнам во верата и честа, се колнам во бога, дека сите обвинувања кои беа изречени во последните 2-3 дена на социјалните мрежи, врз мене и мојата личност ” ГИ ОТФРЛАМ КАКО НЕТОЧНИ, ЛАЖНИ И НЕВИСТИНИТИ “.
Знам дека живееме во тешки времиња, сите сме исправени пред големи предизвици, општеството е поделено, народот е поделен, никој во никого не верува…
Доволно е една мала искра и секој од нас да биде жигосан и окарактеризиран како велепредавник и како изрод.
Еден човек мене ме обвини и многумина од неговите следбеници или пријатели оркестрирано ме нападнаа со грст погрдни зборови.
Јас сум христијанин и воспитуван во таков дух. На сите нив им ги простувам гревовите, бидејќи не знаат што прават. На тој што прв ме нападна му порачувам: во најможен краток рок да објави материјален доказ, од кого, кога и на кое место сум примил 250 000 евра за да го извршам велепредавството. Ги повикувам органите на партијата јавно да се оградат од обвинувањата кон мене, бидејќи обвинувањето кон мене е и обвинување кон партијата. Во спротивно ке сметам дека обвинувањата се заеднички. Се колнам, во својата чест и морал дека никогаш нема да ги изневерам принципите на партијата, никогаш нема да ја изневерам мојата татковина и никогаш во собранието нема да гласам за промена на уставното име на Р.Македонија а со цел промена на уставот. Крсто Јовановски пратеник во собранието на Р.Македонија
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1