Крстот во Бутел се гради под надзор на полицијата


Група работници работат на теренот каде треба да никне 51 метарскиот крст, набљудувани под будно око на полицијата. Од МВР не откриваат подетални информации од истрагата. Велат дека работат на расветлување на случајот. Дали и кога ќе биде покрената прекршочна или кривична пријава, јавноста ќе биде известена. Два дена по поставувањето камен темелник на крстот, протестите на кои присуствуваа симпатизери на ДУИ и инцидентот со претепувањето на донаторот Тодор Петров, во Бутел е мирно, јавува ТелмаKrst

Претседателот на Светскиот Македонски конгрес Петров преку порака на телефон не’ извести дека се уште се наоѓа во болница. Тој вчера на фејсбук статус напишан од болничкиот кревет посочи дека го тепале повеќе лица меѓу кој и Бекир Асани, шефот на огранокот на ДУИ во Чаир. Петров тврди дека во ресторанот на терасата каде е извршено насилството врз него, се појавил и градоначалникот на Чаир Изет Меџити, но тој не го спасил од тупаниците, ниту вработените во ресторанот.

Во меѓувреме, весникот „Дневник“ објави изјава од шефот на кабинетот на ДУИ Артан Груби, каде тој вели дека Петров се сопнал, при што паднал и си ја повредил главата, а Бекир Асани воопшто не го тепал. Потврда за ваквата изјава не можеше да се добие од Груби, бидејќи не одговараше ниту на телефонските повици, ниту на пораките.

Од ДУИ опстојуваат на ставот да ја спречат изградбата на крстот, преку жалби до институциите, меѓу кои и Управниот суд, а можно е и организирање на референдум. Според најавите, пак, крстот треба да биде готов за два месеци.

Telma.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1