Крвареше од окото и устата, забите искршени – потресно сведочење на Цеца за убиството на Аркан


Притрчав до сепарето и ја здогледав крвта на левото око на Жељко кое беше затворено. Забите му беа искрешени, а кога го растресов почна да кашла и да исфрла крв од устата. Манда седеше свиткан и крвареше од окото и устата, а Гариќ лежеше покрај сепарето држејќи се за стомак и лелекаше: Леле, леле. Во еден момент го слушнав Звонко Матеовиќ како вика „Спушти го пиштолот!“.ceca-arkan-pomen-foto-aleksandar-jovanovic-1389794941-428261-32992

-Се свртев и го здогледав момчето во жолто-плава јакна како го крева пиштолот од подот. Никогаш повеќе не го видов, сведочеше Светлана Цеца Ражнатовиќ своевремено, дедека течеше судскиот процес за убиството на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, Миленко Мандиќ Манда и Драган Гавриќ кое се случи на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. Иако убиството на Аркан е несомнено, и докажано од десетина сведоци, сепак и натаму се јавуваат тврдења дека Аркан е жив, кои и сега се актуелни.

Жељко Ражнатовиќ Аркан (48) е убиен на 15. јануари 2000 година во холот на белградскиот хотел „Интерконтинентал“. Напаѓачите го погодиле со три истрели во глава, а тогаш се убиени и неговиот телехранител Миленко Мандиќ Манда (1956) и Драган Гариќ (1953). За убиството на Аркан Окружниот суд во Белград на 9 октомври 2006 години ги осуди Добросав Гавриќ, како и Милан Ѓуришиќ и Драган Николиќ. Добросав Гавриќ, поранешен полицаец, во Србија е осуден во отсуство, за тоа убиство на 35 години затвор, а беше уапсен 2012 година во Јужноафриканската република.

Осуден на убиство, Добросав Гавриќdobrosav-gavric-foto-profimedia-1430217630-649921
Цеца Ражнатовиќ во текот на неколкуте судски процеси сведочеше и раскажа детали за масакрот во „Интерконтинентал“.
-Тој ден ручавме околу 14 часот, а во „Интерконтинентал“ дојдовме околу 14.30 часот. Жељко кратко се задржа во бутикот „Ла Франс“ и седна во сепарето во холот. Јас повремено одев кај него, а околу 17 часот забележав дека во сепарето седи човекот кого овде го гледам сега во инвалидска количка, рече Цеца покажувајќи кон првообвинетиот Добросав Гавриќ.
-Ми остана во сеќавање зошто на Жељко му седеше зад грб, а тој не практикуваше било кој да му седи зад грб. Седеше со наведната глава, а на себе имаше нешто темно-сиво речиси црно. Го видов и Бранко Јефтовиќ Јорга, кого го познавам од порано. Беше вознемирен и едвај се јави. Му реков „Добар ден“, а тој изгубен ми ја подаде ракат и одговори „Здраво цецо“. По враќањето во бутикот Јорго не го видов.

Цеца потоа рекла дека неколку минути потоа слушнала пукање и по звукот заклучила дека се пука од две оружја.

-Звонко влета во бутикот, и ми побара пиштол, а Лидија му го даде мојот пиштол Отрчав по него, а мене некои жени ме задржаа. Штом престана пукањето, Звонко се врати и ми кажа што се случило. Притрчав до сепарето и видов што се случило.

Цеца раскажа дека со помош на Матеовиќ и нејзината сестра го влечеле крвавиот Аркан кого го изнела од хотелот, но полициајта не сакала да го вози до Ургентниот центар иако ги молела. И помогнал еден човек кој и се претставил како земјак и кој и го дал своето БМВ.

Звонко Матеовиќzvonko-mateovic-1350416395-219850

Последната заговорничка на мистеријата околу убиството на Аркан беше пророчицата Азира Муратовиќ која сите ја знаат како жената со лажиците.

-Одговорно тврдам дека Жељко Ражнатовиќ Аркан е се уште жив. При една ноќна молитва на сон видов дека е жив и дека наскоро ќе има докази за тоа. Ќе биде повикан од страна на некој човек, па тој детал ме заинтригираше, па за да видам кој ќе го повика, гледав на лажици. Седмата лажица ми покажа дека Аркан ќе има големи проблеми со тој човек, изјави Азира Муратовиќ, која гледа во лажици за босанските медиуми, но не наведе и каде го „крие“ Цеца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1