Имено, во понеделникот, околу 19.30 часот, во Скопје на ул. „Битпазарска”, околу десет непознати лица без повод и причина физички го нападнале Т.Б.(24) од Скопје, удирајќи го со тупаници по телото, од што му нанеле видливи повреди. На Т.Б. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје.
Испитот ден утрото околу 10.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на ул.„Трета македонска бригада” во Скопје, две маскирани лица , физички ја нападнале и ја влечеле А.Б.(16) од Скопје, а откако успеала да се оттргне, еден од сторителите со остар предмет и нанел повреди во пределот на стомакот и лицето.
Во понеделникот околу 21.40 часот, во Скопје пред МНТ, три непознати лица без повод и причина физички го нападнале Д.С.(35) од Скопје, удирајќи го со тупаници по телото. Д.С. е пренесен во ГОБ Скопје за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случаите