Крвава ноќ во Скопје: Со два куршуми го однеле на Ургентен


На улицата Димитрије Чуповски во Скопје, синоќа во 1 часот и 40 минути, имало пукање. Полицијата денеска информира дека 42-годишниот С.Ф. и 39-годишниот Е.М. од Скопје се скарале, па се степале, а во еден момет, С.Ф. извадил пиштол и испукал два куршума кон противникот, кој инаку бил брат на неговата сопруга.urgenten brza pomos klinika

На истиот му била укажана медицинска помош во Ургентен Центар Скопје и од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и тоа прострелна рана во пределот на десната дланка и повреда во пределот на стомакот по што бил пуштен на домашно лекување.

Со осомничениот ќе биде извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1