Крвава тепачка на навивачи во Сараево – 2 навивачи се борат за живот, десетици повредени


Две лица се здобиле со тешки повреди на главите од кои им е загрозен животот и се подвргнати на итни операции во Клиничкиот центар во Сараево по жестокиот судир на навивачките групи на фудбалските клубови на Премиер лигата на БиХ од Борац од Бања Лука и Железничар од Сараево, во Доњи Травник во централна Босна во кои најмалку 22 лица се повредени, меѓу кои и 7 полицајци, објави Федералната телевизија.

 

saraevo navivaciСпоред информациите на FTV, инцидентот се случил околу 14 часот во местото Оборци, кога отворено се судриле двете навивачки групи кои патувале на два различни фудбалски натпревара иако биле под полициска придружба.

Во Министерството за внатрешни работи на Среднобосанската жупанија изјавиле дека во текот на пресметката на навивачите на двата клуба биле повредени најмалку седум полицајци, седум навивачи на бањалучки Борац и осум на сараевски Железничар.

Вкупно шест навивачи се потешко повредени, соопштија од Жупаниската болница во Травник. Учесниците во инцидентот уште и во текот на вечерта се наоѓаат на местото на судирот каде полицијата спроведува истрага,а приведени се повеќе десетици лица.

Навивачите на Борац патувале од Бања Лука на мечот со Олимпико во Сараево, додека навивачите на Железничар оделе да мечот со Рудар во Приједор.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1