Крваво злосторство: Синот го убил татка си мултимилионер поради џепарлак


Поранешниот студент на угледниот американски Универзитет Принстон е уапсен под обвинение дека во неделата го убил својот татко, мултимилионер, во семејниот стан на Менхетн.

Томас Гилберт јуниор (30) побегнал од местото на злосторството и се забарикадирал во својот стан во њујоршкиот кварт Челзи седум часа откако Томас Гилберт постариот (70), основач на 200 милиони вредниот хедџ фонд „Wainscott Capital“, е пронајден мртов со една прострелна рана од куршум во главата.

gilbert_746708S1

Гилберт јуниот наводно нечујно успеал да влезе покрај вратарот во домот на своите родители недолго пред нападот во 15:30 часот по локално време, а неколку минути потоа го напуштил станот покриен со качулка.

– Имав лошо претчувство само што протрча покрај мене. Пет минути подоцна истрча од зградата прекривајќи го лицетот со качулка – рекол соседот Бернард и додал дека до убиството не би дошло доколку вратарот си ја вршел својата работа.

Гилберт постариот го пронашла неговата сопруга во спалната соба, а „Фокс њујз“ јавува дека полицијата морала да ја сруши вратата од луксузниот стан на неговиот син каде го нашле каде се крие.

Милионерот Гилберт имал проблематичен однос со синот, кој сакал да излегува да консумира кокаин и алкохол и да шета старлети по вечерните забави.

Полицијата соопштила дека Томас ја испратил мајка си да му купи сендвич по кавгата со татко му, кој неделниот џепарлак му го намалил на „само“ 300 долари. Откако мајка му изглегла, Томас го извадил пиштолот и го застрелал татка си во главата.

Младиот Гилберт е уапсен и ќе му биде судено поради убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1