Крвна одмазда во Македонија – се уште има семејства кои се кријат


Црната статистиката покажува дека и во Македонија има случаи на крвна одмазда.

krvna odmazda dete placeВо 2006 година беше убиен Б.И., кој го застрела Џ. С. во Чаир при расправија за паркинг-место. Има и многу други примери, а карактеристичен беше случајот од пред две и пол години, кога полицаец од Гостивар поради закани застрела двајца свои сограѓани од албанска националност. По инцидентот неговото семејство беше под закани за крвна одмазда и долго престојуваше на непознати локации за да ја избегне осветата..

Инаку, во Македонија пред дваесетина години е формирано Движење за национално помирување за крвна одмазда. Во него членуваат помирувачи, кои имаат цел да ги смируваат закрвавените семејства. Освен во Македонија помирувачите дејствуваат и во Kосово и во Албанија. Разрешувањето на случаите на крвна одмазда оди многу бавно и целиот процес е многу комплициран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1