Крвнички ја претепал сопругата, едвај се спасила – семејна драма во Струга


Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 41-годишниот Е.Д. од струшкото село Лабуништа.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 20-ти минатиот месец во семејниот дом во Лабуништа. Истиот, започнал силна и гласна вербална расправија со неговата сопруга упатувајќи и серија навреди и закани по нејзиниот живот и сигурност со што предизвикал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Во моменти на силна агресивност, пријавениот Е.Д. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја со раце и нозе по целото тело. Притоа, оштетената се здобила со телесни повреди, по што успеала да избега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1