Крвникот од Дизелдорф со потекло од поранешна Југославија: Бегал од полицијата, скокнал од мост, па бил уапсен


Полицијата во германскиот град Дизелдорф, каде вчера седум лица биле ранети во напад со секира на железничка станица, уапсила 36-годишен маж, а се наведува дека напаѓачот е со потекло од овие простори.

Дизелдорфската полиција објавила дека осомничениот за нападот е од Вупертал, град кој се наоѓа на 28 километри од Дизелдорф, и дека станува збор за лице кое има “очигледни проблеми со менталното здравје”.zeleznicka dizeldorf

Полицијата навела и дека меѓу ранетите, тројца се во тешка состојба.

Според наводите на полицијата, еден маж со секира наизменично напаѓал патници, најпрво во трамвај, потоа и во зградата на станицата.

Германските медиуми пренеле дека уследила голема акција на полицијата, како и дека хеликоптери го надлетувале градот. Станицата била евакуирана, а сопрен бил и железничкиот сообраќај.

По крвопролевањето, напаѓачот преку шините истрчал од станицата и скокнал од мостот каде тешко се повредил.

Тогаш бил уапсен, а поради повредите бил префрлен во болница.zeleznicka dizeldorf2

Подоцна бил уапсен уште еден маж, меѓутоа, не е познато дали е поврзан со нападот.

Засега нема информации дали станува збор за терористички напад, а полицијата официјално навела дека станува збор за “нерасветлено насилство”.

Медиумите претходно јавиле дека имало четворица напаѓачи и исто толку повредени патници.

Железничката станица во меѓувреме била затворена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1