Куче искаса дете во скопско Катланово


Официјален ветеринар врши контрола на терен по вчерашниот напад на куче во Катланово, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Според него, не станува збор за куче скитник, туку за куче кое има стопан.

Тој информира дека се уште се следат и кучињата во кичевското село Бачишта. За сега испитувањата покажаа дека кај нив нема знаци на беснило.kuce 54t

– Беа изолирани и ставени под официјален надзор сите кучиња кои извршија напад, тие уште се следат зашто периодот на изолација трае 15 дена, првиот, седмиот и 15-от треба да се види дали пројавуваат какви било симптопми на беснило. До овој момент нема такви симптоми – информира Поповски и додаде дека АХВ ќе ја интензивира соработката со општините за изградба на прифатилишта за бездомни кучиња.

Надзор е извршен и врз кучето во Неготино кое, исто така, касна дете. Процедурата продолжува со вакцинирање на кучињата против беснило и нивно идентификување со микро чип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1