Петгодишно девојче во гостиварската населба Фазанерија, било нападнато и искасано од куче од расата „германски овчар“.
Девојчето со сериозни повреди на главата и окото откако добило прва медицинска помош во гостиварската болница префрлено е во Клиничкиот центар во Скопје.
Настанот во полиција вчера попладне го пријавиле лекарите од Општата болница во Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од СВР Тетово го потврдија случајот и по извршениот увид, работат на расветлување на поединостите под кои настанал нападот, каде и како точно кучето го нападнало девојчето.
Во последниов месец ова втор случај на напад на куче врз дете во гостиварско, кој завршил со посериозни повреди.
МИА