Британската полиција од градот Кливланд започна истрага откако беше откриено дека во избирачкиот список за изборите за Европскиот Парламент е впишано и куче со име Зевс
Расел Хојл (45) е осомничен дека доставил неточна информација за време на неодамнешното пребројување на избирачите, посочувајќи го Зевс како член на семејството кој има 63 години, без да прецизира дека станува збор за еквивалент на кучешките години, ниту да појасни дека Зевс е ротвајлер.
На тој начин кучето било вклучено во избирачкиот список под името Зевс Хојл и добило избирачка легитимација.
Неговиот сопственик може да биде осуден на парична казна или извесно време да мине во затвор.