Четиригодишно момче од селото Прељубиште, општина Јегуновце, било искасано по главата од куче скитник, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Настанот се случил во дворот од семејната куќа на момчето во селото.
Кучето повеќепати го гризнало детето од двете страни на главата, а поради повредите веднаш било донесено во клиничката болница во Тетово за да му се укаже соодветна лекарска помош рече Јосифовски.