Кучиња скитници до смрт изгризале жена во Центар Жупа


Глутница кучиња скитници, претпладне, во селото Баланци, општина Центар Жупа, нападнале и до смрт изгризале жена на околу 58 годишна возраст.

Според жител на селото жената била нападнат додека фрлала отпад, на селска депонија. Веднаш била пренесена во Општата болница во Дебар, каде починала.kuce ulicar

На местото на настанот се врши увид, а телото ќе биде дадено на Судска медицина заради обдукција. Од Секторот за внатрешни работи најавија детали за подоцна.

Жителите на ова и другите села се жалат на масовно присуство на кучиња скитници.

Инаку, во инфективното одделение при Општата болница во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во просек годишно евидентирани се до 80 каснувања од куче, но ова е прв ваков случај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1