Куќа во Скопје може да се изгради за 35.000 евра


Градежниците не сакаат да зборуваат за точните суми за чинење градба, ниту колкави се реалните трошоци за изградба на станбените објекти. Сепак, грубата математика покажува дека трошоците не се ниту половина од цената по која се продаваат становите во централното градско подрачје пишува Нова Македонија НАПУМПАНИ ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ?

kuka33Куќа од стотина квадрати со дворно место од 400 квадрати во околината на Скопје може да се изгради за околу 35 илјади евра. Чести се поплаките на граѓаните дека поради ниските месечни приходи не се во можност да обезбедат пари за купување стан по цена од 900 евра за квадрат, или, пак, дека за тоа се принудени триесетина години да плаќаат кредит.

Грубата математика покажува дека за само 33.000 евра може да се направи куќа во општината Илинден, но цената нема многу да отстапува и доколку домот се гради во некое од другите населени места во околината на Скопје. Имено, во новата населба Јака во општината Илинден земјиштето се продава по почетна цена од 148 денари за квадратен метар.

Доколку на лицитацијата цената достигне 163 денари, заинтересираните можат да купат парцела од 400 квадрати во споменатата населба за 65.200 денари (1.060 евра). За да се платат комуналиите оваа во оваа општина се неопходни 120 денари за квадратен метар или за објект од 100 квадрати само 12.000 денари (200 евра).

Приклучокот за струја од ЕВН чини 30.255 денари (500 евра). За изградба на објектот, доколку трошоците за градба по квадрат не надминуваат 300 евра, се потребни 30.000 евра. За проектирање треба да се платат по 5 евра од квадрат или 500 евра, а доколку и приклучокот за вода е околу 500 евра, тогаш за куќата ќе бидат потребни 32.760 евра.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1