Куќата на Микеланџело се продава за 7,5 милиони евра


Куќата која му припаѓала на славниот фирентински уметник Микеланџело Буонароти се продава 7,5 милиони евра.

Таа се наоѓа во областа Кијанти, Тоскана, и се простира на 1.200 метри квадратни, а има десет спални соби и седум бањи.

Куќата, која славниот уметник ја сметал за свој дом, ја купил во 1549 година, а семејството Буонароти ја поседувало се до 1867 година.

Сегашните сопственици наведуваат дека куќата е реновирана, а уметникот кој дал непроценлив придонес за италијанската ренесанса и ја насликал Сикстинската капела не оставил ниту една фреска во својот дом.

Во цената на куќата е пресметана и копијата од орiгиналниот договор, кој Микеланџело го потпишал при купувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1