Кој убива дете така? тоа е кукавички. Требаше да го уапсат доколку е осомничен и да го изведат пред лицето на правдата а не да го убијат на таков начин, изјавил таткото на браќата од Чеченија осомничени дека стојат зад бомбашкиот напад на бостонскиот маратон во кој загинаа 3 лица а над 100 беа повредени.
Бостон личи на град на духови – како сцена од филм. улиците празни, само полицајци во комплетна борбена опрема кој претресуваат зграда по зграда барајќи го 19 годишното момче осомничено за нападот.
Постариот брат беше убиен утринава во полициска акција. Според последното инфо од американските медиуми момчето на интернет оставило заканувачка порака ,, ми го убивте братот – сите ќе ве убијам.
Потерата по него се уште трае.
Погледнете ја изјавата и на мајката на осомничените момчиња – тврди дека нејзините деца се невини.