Kуќен притвор за синот на Горан Гаврилов


Истражен судија му одредил куќен притвор на полнолетниот син на Горан Гаврилов, управител на радиото Kанал 77.

lisici33Синот е осомничен за напад на полицаец кој го извршил додека бил пијан во минатата недела во клубот „Мистик“ во Штип. Според МВР, кога дошла полиција да интервенира во клубот осомничениот на еден од полицајците му се обратил со вулгарни зборови, а потоа го исплукал полицискиот службеник. Потоа го фатил со двете раце и му удрил глава во градниот кош од што му ја скинал блузата.

Полицаецот бил пренесен во болница каде што му е укажана лекарска помош. Насилникот бил совладан и однесен во станица. Алкотестот покажал дека има 1,35 промил алкохол во крвта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1