Кукла повлечена од пазарот во Германија поради опасност од кибер напади


Официјална организација за заштита на потрошувачите ги повика родителите во Германија да ја уништат „Кајла“, куклата која зборува, бидејќи нејзината напредна технологија може да открие лични податоци.

Предупредувањето го објави Федерална мрежна агенција, која ги следи телекомуникациите.kukla devojce

Експертите наведуваат дека хакери можат да го искористат небезбедниот „блутут“ уред вграден во куклата и да слушаат и водат разговор со детето кое си игра со куклата.

Американската компанија за играчки „Џенесис тојс“, кој е производител на куклата, се уште не ги коментирала овие информации.

Куклата „Кајла“ може да одговора на поставено прашање преку Интернет. Германската Агенција предупредува дека хакерите можат да ја искористат куклата на многу злонамерни начини.

Проблемот со ранливоста на софтверот вграден во куклата е откриен во јануари 2015 година, а жалби поднесоа групи за заштита на потрошувачите во САД и ЕУ. Досега од оваа играчка се продадени најмалку еден милион примероци.

Според законот во Германија, нелегално е да се продаваат или поседуваат забранети уреди за шпионирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1