Кумановчани без вода неколку дена – граѓаните најавуваат протести


Жителите кои живеат во високите зони на градот повеќе од 10 дена  имаат проблеми со водоснабдувањето.

Без вода за пиење се населбите Карпош, Перо Чичо, Иго Тричковиќ, Ајдучка Чешма, Соколана и селото Черкезе, додека намален притисок има речиси во сите делови на градот и во повисоките згради.  Граѓаните се закануваат со протести доколку веднаш не се реши проблемот, пренесува kumanovonews.

voda – Повеќе од 10 дена жителите на село Черкезе немаат капка вода. Граѓаните се лути поради тоа, и незадоволството постојано расте, бидејќи постои опасност од појава на заразни болести на овие високи температури. Ако не се реши проблемот во најскоро време, жителите најавуваат блокада на стариот пат Куманово – Скопје и протести пред јавните претпријатија “Водовод“ и Водостопанство. Нив не ги интересира политиката и кој е надлежен да го реши проблемот, тие сакаат да имаат вода за секојдневните потреби, како што е тоа нормално насекаде – изјави Фадиљ Шабани, претседател на месна заедница Черкезе.

Жителите на населбата Карпош вчера организираа протести и најавија дека  ќе го блокираат магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

 Од ЈП „Водовод„ велат дека немањето вода е поради тоа што не е ставен во функција цевководот т.н. бај -пас, кој треба да обезбеди дополнителни 130 литри во секунда вода до Филтер станицата за потребите на високата зона. ЈП Водостопанство не ја пушта водата поради неподмирени сметки од „Водовод„ за предходниот период.

–  Имаме 170 литри во секунда по главниот вод, 80 литри од алтернативните извори, и фалат тие 130 литри по бајпас и индустриски вод што Водостопанство не го пушта. Се надевам дека ќе надвладее разумот, дека ќе ги пуштат тие количини па дополнително ќе најдеме решение за проблемите – изјави Горан Стојковски, директор на ЈП “Водовод“.

За утре на седница на Советот ќе се расправа за проблемот со водоснабдувањето во градот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1