Кумановчанката Валентина се бори за живот во болницата во Лесковац


Десетмина се повредени меѓу кои и Валентина Стефановска од Куманово , во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во Грделичката клисура во близина на Предејане.

Во автомобилот БМВ   на кумановчанката имало три деца , кои се полесно повредени , а Стефановска со тешки повреди на главата и скршен зглоб на десната рака  е префрлена во болницата во Лесковац.

stefanovski.gif-500

Според дежурниот доктор , во сообраќајката се повредени четири деца. До несреќата дошло кога од непознати причини камион преминал на спротивната страна од патот и се судрил со комбе , а меѓу двете возила излетало БМВ- то на Стефановска. Возилото е сосема уништено , зашто во него удриле уште шест автомобили.

На делот на патот имало мала прегледност поради густата магла. На местото на несреќата пристигнале пет екипи на брзата помош и противпожарни возила , кои ги пренесе повредените во ургентниот центар во Лесковац, а неколку часа сообраќајот на оваа опасна делница беше во прекин .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1