Кривична пријава против А.З.(49) од Куманово поднесе СВР Куманово за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Како што соопштува полицијата, на 08.03.2013 година, во Куманово на ул. „Доне Божинов“, откако пријавениот непрописно го паркирал своето патничко возило, дошле вработени во пајак службата со асистенција на полицијата.
При обид полицискиот службеник да изврши легитимирање над истиот, пријавениот започнал да го навредува и да му се заканува.
Во еден момент А.З. успеал да ги отстрани гумените каиши кои биле поставени на возилото, влегол внатре и си заминал.
Kurir