Кумановец доби кривична пријава за изнуда, оти во текот на минататата година се заканувал на жител на кумановското село Липково, барајќи му 3.000 евра како помош.
СВР Куманово вели дека станува збор за 47-годишниот А.З., кој во 2014 година во повеќе наврати од мобилен телефон се јавувал или праќал пораки до М.М. од Липково, заканувајќи му се. Барал „помош“ во износ од 3.000 евра, а се претставувал како припадник на паравоена формација „Илирида“.