Кумановец, ноќеска по полноќ бил нападнат од неколку непознати маскирани лица во неговиот автомобил, соопшти МВР.
Нападот се случил на улицата Перо Чичо во близина на кумановската гимназија, каде што бил паркиран автомобилот „ауди“ на 23-годишниот Б.С. од Куманово.
Полицијата сооопшти дека Б.С. бил нападнат од маскирани лица кои прво со шипки го искшиле задното ветробранско стакло на возилото, а потоа го нападнале момчето и му нанеле тешки телесни повреди и скршеници.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.