Кумановецот ги доби клучевите од станот од наградната игра со фискални


 Добитникот на првиот стан од нагадната игра „Фискална во рака награда без мака” Трајко Кузмановски во саботата ги доби клучевите од станот, во зградата на Јавно станбено претпријатие на „Трета ударна бригада” во скопската населба Аеродором.

25312005-4510-4b5e-b9d5-f6a4077c0179Главната награда – стан во Скопје во наградната игра „Фискална во рака, награда без мака” ја доби пензионерот Трајко Кузмановски од Куманово, со само едно испратен плико, коверт, а денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески му ги додели клучевите од станот од 52 квадратни метри.

„ Чичко Трајко од Куманово и неговото семејство се најдобар пример дека среќата ќе си дојде тогаш кога е пишано. Во играта тој учествуваше со едно плико заедно со неговата сопруга, синовите и внуците и си ја доби наградата – вреден стан во централното градско подрачје на Скопје. Ова покажува дека секој што учествува во наградната игра ‘Фискална во рака награда без мака’ може да биде добитник на вредна награда. Мене ми е посебно задоволство и среќа што гледам дека едно скромно и работничко семејство на човек што цел живот работел занает имаше среќа да го добие станот”, рече вицепремиерот Ставрески

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1