Купил лоз од 49 долари и добил хотел, автомобили, автобус, ресторани, пари… (ФОТО)


Даг и Сали Бејтц во 90-тите години на минатиот век се доселиле на островот Косрае во Микронезија и таму отвориле хотел, но посакале да се вратат во родната Австралија и наместо да го продадат својот имот на вообичаен начин, организирале томбола во која, со купувањето на лоз од 49 американски долари, може да учествува секој од кој било крај на светот.loz

Пред извлекувањето во вторникот, Даг објаснил дека сака неговата работа да ја продолжат „луѓе кои се според интересите слични на него и неговата сопруга“. Тој додал и дека се надева дека добитникот ќе биде некој кој сака топла клима и средби со нови луѓе од целиот свет.

Семејството Бејтц одлучило томболата да се смета за успешна доколку се продадат минимално 50.000 лозови за среќа, што вкупно изнесува 2,45 милиони долари. Но, играта предизвикала толку голем интерес низ светот така што наведениот услов многу брзо бил избришан од интернетската страница.

Десетини илјади играчи веројатно биле разочарани кога бил извлечен бројот 44.980.

Даг Бејтц објвил дека добитникот се вика Џошуа и дека живее во Нов Јужен Велс на југот на Австралија.loz3

Отпрвин не сакал да го објави неговиот целосен идентитет за да му овозможи на новиот сопстгвеник во целост да ја „освести“ информацијата за големата добивка и да го поштеди од медиумите, јави Хина.

А Џошуа од хотелот без долгови на островот Косрае, сместен северно од Саломонските остови и југозападно од Хаваите, на кој живеат околу 6.500 жители, во играта на среќа освоил и куќа со четири соби, пет автомобили кои туристите можат да ги изнајмуваат, два минибуса со десет седишта, комбе, ресторан и готовина во износ од 10.000 долари. Хотелот е сместен на измајмен терен, но договорот за неговото користење вреди подолго од 20 години.

Хотелот е многу популарен меѓу туристите и посетителите, посебно меѓу обожавателите на риболов и нуркање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1